Протекува покривот на скопската Арена: Негрижата на површина! (ВИДЕО)

March 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Протекува покривот на скопската Арена: Негрижата на површина! (ВИДЕО)

Најголемиот македонски фудбалски храм полека, но сигурно, ја губи својата сјајност. Проблемите со тревникот веќе се добро познати, но вчерашниот дожд откри уште посериозни пропусти, кои сведочат за долготрајната негрижа од страна на надлежните институции. Иако делови од стадионот, како северната трибина, се изградени релативно скоро – во 2009 година, веќе се забележуваат јасни знаци на неквалитетна изведба или едноставно – недостаток на соодветно одржување. Водата не врнеше само надвор, туку и во покриените простории, па така новинарската ложа, која треба да биде удобно катче за спортските репортери, се претвори во вистинска мокра зона. Столчињата, масите, па дури и техничката опрема беа изложени на истекување, што претставува срам за еден национален стадион. Институцијата задолжена за управување со Арената – Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор – очигледно има многу работа пред себе. Наместо големите спортски настани да бидат централна тема, стадионот сè почесто е мета на критики поради запуштеноста и недостатокот на основно одржување. Дали конечно ќе се преземат конкретни чекори за спас на ова спортско обележје, или дождот ќе продолжи да ни покажува во каква состојба се наоѓа нашата најголема фудбалска сцена? Состојбата можете да ја погледнете во објавата на „Оффнет“ на овој ЛИНК.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.