Прва лига: Прв пораз за Силекс, победи за Башкими и Македонија ЃП

September 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Прва лига: Прв пораз за Силекс, победи за Башкими и Македонија ЃП

Денеска во рамки на шестото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) беа одиграни два натпревари. Башкими приреди изненадување и со 2-1 го совлада лидерот Силекс, кој до ова коло имаше максимални пет победи, додека Македонија Ѓорче Петров со 2-0 беше подобра од Брера. Во Куманово, Башкими успеа да ја прекине серијата на Силекс. Домашните поведоа во 21. минута преку Аворнио, кој по одбиена топка ја погоди мрежата за 1-0. Во 53. минута Алексовски зголеми на 2-0, а три минути подоцна Башкими остана со играч помалку по исклучувањето на Зука. Силекс ја искористи бројчаната предност и преку Фереира во 63. минута намали на 2-1, но до крајот не успеа да дојде до бод. Македонија ЃП исто така запиша важна победа. Тимот од Ѓорче Петров рано поведе против Брера – Христов во 17. минута со атрактивен удар со пета постигна за 1-0. Во второто полувреме, Талаков во 72. минута го постави конечниот резултат 2-0. Со овие победи, Башкими и Македонија ЃП освоија значајни бодови, а Силекс го претрпе првиот пораз во сезоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.