Првенец на Ѓоргиевски во победата на Збројовка Брно (ВИДЕО)

September 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Првенец на Ѓоргиевски во победата на Збројовка Брно (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Мартин Ѓоргиевски вчера го постигна својот прв гол за Збројовка Брно, во победата над Теплице со 2-1 во Купот на Чешка. Ѓоргиевски се запиша во листата на стрелци уште во 13. минута, кога со силен и прецизен удар ја затресе противничката мрежа за водство од 1-0. Домашниот тим ја зголеми предноста преку Мартин Римаренко, а во самиот финиш Бенјамин Ниарко намали на 2-1, што беше конечниот резултат.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.