November 16, 2024 | | Македонија
Турскиот сопственик Олгун Ајдин одлучи да се повлече од Шкупи. По поразот од Вардар, тој излезе со порака дека во Македонија сѐ се одвива со политичка поддршка и одлучи да замине. Претходно пак, тој најавуваше дека Шкупи ќе има комплетна база за тренинг. Во клубот дојде во 2018 година, а во 2022 година Шкупи беше шампион на Македонија, но оттогаш не му оди најдобро и сега реши да се повлече. „Претседателот Олгун Ајдин најави заминување од Шкупи. Истиот предупреди на такво нешто по мечот со Вардар. Со Ајдин како претседател, Шкупи играше пет последователни сезони во Европа, а ја освои и титулата во 2022 година. Ова се јасни бројки кои говорат за успесите на нашиот тим под негово водство“, соопшти Шкупи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |