Пукна ПЕТАРДА среде Скопје: Македонија го прегази Лихтенштајн! (ВИДЕО)

September 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Пукна ПЕТАРДА среде Скопје: Македонија го прегази Лихтенштајн! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација на најдобар можен начин ја заврши септемвриската квалификациска етапа и со убедливи 5-0 го совлада Лихтенштајн, што ѝ овозможи повторно да се искачи на врвот во квалификациската група за Светското првенство 2026. Селекцијата на Милевски уште од самиот почеток настапи офанзивно – со Стојчевски и Зајков како стопери, Илиевски и Алиоски на бековските позиции, а Елмас поставен поофанзивно во средината покрај Алими и Барди. Во нападот стартерите Миовски, Трајковски и Чурлинов постојано вршеа притисок врз противникот, а најопасните акции се креираа по левата страна. Гостите возвратија само преку два прекина, но без сериозна закана. Елмас го скрши отпорот на Лихтенштајн со прекрасен соло-гол во 15. минута – доби топка од Стојчевски, продре од левата страна, со дриблинг помина четворица и прецизно стрелаше за 1-0. Единствениот пех во првиот дел беше жолтиот картон на Илиевски, кој ќе го пропушти тешкиот дуел со Белгија. До полувремето Македонија имаше уште неколку добри прилики преку Трајковски, Елмас и Алиоски, но гостите успеаја да се одбранат. Вториот дел донесе експлозија на голови – во 52. минута Барди со волеј по центаршут на Илиевски ја зголеми предноста, а само четири минути подоцна токму Барди асистираше до Чурлинов кој откосо реализираше за 3-0. Милевски веднаш ротираше и им даде шанса на Ќамили и Растодер, а токму Растодер кратко потоа погоди, но голот беше поништен поради офсајд. Во финишот, селекторот му овозможи деби и на Решат Рамадани од Шкендија, додека Милан Ристовски исто така доби минути. Конечниот резултат го постави Лирим Ќамили во 81. минута, откако ја искористи одличната асистенција на Алиоски – 5-0 и заслужена убедлива победа за Македонија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.