August 25, 2025 | | Македонија
По утврдувањето на цените за дуелот со Лихтенштајн, денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави дека стартува и продажбата на билети за гостувањето кај Белгија. Македонија ќе игра против Белгија на 10 октомври во Гент, со почеток од 20:45 часот. Билетите чинат 25 евра за возрасни, односно 21 евро за деца до 12 години и се достапни преку официјалната платформа на ФФМ. „Секој навивач при купувањето најпрво добива ваучер како потврда за извршената трансакција. Врз основа на ваучерот се издава официјалниот билет, кој потоа се испраќа на наведената адреса. Доставата се врши електронски и билетите пристигнуваат најдоцна во рок од две седмици“, соопштуваат од ФФМ. Според правилата на УЕФА, за македонските навивачи се издвоени околу 900 билети во секторот за гостински фанови. Билетите може да се купуват преку платформата на ФФМ (ТУКА).
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |