Работнички го промовираше новиот тренер

August 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Работнички го промовираше новиот тренер

Фудбалскиот клуб Работнички денеска и официјално го назначи Алпарслан Ердем за нов шеф на стручниот штаб, како наследник на Бојан Марковски. „Романтичарите“ од Дебар Маало не ја почнаа најдобро новата сезона и управата реши да направи промена на клупата, доверувајќи му го тимот на турскиот стратег со германски пасош. Ердем добро го познава македонското првенство, откако минатата сезона во период од седум месеци го предводеше Шкупи, со кого остави солидна трага. Иако има само 36 години, тој веќе се смета за перспективен тренер. Работнички ќе биде негово трето тренерско искуство, по ангажманите во Шкупи и во турскиот Фатих Карагумрук, клуб во кој ја заврши и својата фудбалска кариера во 2022 година. Со новиот предизвик, Ердем ќе има задача да го стабилизира тимот и да го врати на победничките патеки, а од клубот веруваат дека неговата младост, енергија и познавање на македонскиот фудбал ќе бидат вистински адут за Работнички.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.