Работнички и Силекс поразени во првите натпревари од квалификациите за Конференциската лига

July 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Работнички и Силекс поразени во првите натпревари од квалификациите за Конференциската лига

Македонските претставници во квалификациите за Конференциската лига, Работнички и Силекс, забележаа порази на гостински терен во првите натпревари од првото квалификациско коло и сега ги очекува тежок предизвик во реваншите. Силекс беше немоќен против црногорскиот Дечиќ и загуби со 2-0. Домашниот тим доминираше на теренот и поведе во 39. минута, по што контролираше сè до крајот. Ситуацијата за кратовчани дополнително се влоши на стартот од второто полувреме кога Мирчевски доби црвен картон, а Дечиќ преку Ндиаје во 70. минута го потврди триумфот. Ниту Работнички не помина подобро – тимот од Скопје беше поразен со 3-0 од белорускиот Торпедо Белаз, во натпревар што се играше во Унгарија поради безбедносната состојба во Белорусија. Белорускиот состав поведе со голот на Садко во првото полувреме, а во продолжението Побудеј и Алфред ги зголемија страдањата на „романтичарите“. Двата македонски тима ќе имаат тежок реванш следната недела на домашен терен, каде ќе се обидат да ја анулираат негативата и да обезбедат пласман во следната рунда.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.