Радовиш домаќин на првиот собир на македонски колекционери (ФОТО)

December 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Радовиш домаќин на првиот собир на македонски колекционери (ФОТО)

Настанот „Macedonia Collectors Show“ претставува прв изложбен собир на колекционери од спортски и останати предмети во Македонија и истиот се одржа по прв пат во Радовиш. Тој имаше за цел да ги собере на едно место најголемите колекционери на албуми, сликички, картички, биндери, автограми и сродна меморабилија. Во рамки на настанот, посетителите имаа можност да учествуваат во едукативно-информативна изложба, каде беа презентирани ретки, уникатни и занимливи предмети од историјата на светското и македонското фудбалско колекционерство. Најголемите колекционери од целата држава, со своите квалитетни и многубројни колекции, дадоа значаен придонес за успешната промоција на настанот. Инволвирањето на младата популација, како таргет група, беше успешно постигнато и тоа од информативен и едукативен аспект. Специјални гости на настанот беа Диме Димов, радовишка ѕвезда и играч на Локо Софија кој наскоро ќе замине од бугарскиот клуб, Јовица Трајчев, поранешен голем македонски фудбалер и претседател на Детонит Плачковица и Иван Николов, капитен на младинската У-21 репрезентација и играч на тимот на Sønderjyske Fodbold во данската суперлига. ФОТО: Radovish News

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.