Радовиш и Струмица ќе бидат домаќини на два натпревари на Македонија!

August 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Радовиш и Струмица ќе бидат домаќини на два натпревари на Македонија!

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на почетокот на септември ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина. Првиот меч ќе се одигра на 4 септември во Радовиш, додека вториот е закажан за 6 септември во Струмица, на стадионот „Благој Истатов“. Со овие средби, избраниците на селекторот ќе продолжат со подготовките за претстојниот квалификациски турнир за пласман во Елитната фаза на квалификациите за Европското првенство. Од 12 до 18 ноември, нашата репрезентација ќе настапи на турнир во Португалија, каде што ќе се соочи со домаќинот, со Белгија и со Естонија. Пред тоа, младите надежи ќе одиграат и уште два контролни натпревари – на 9 и 12 октомври против Црна Гора на гостински терен. Со овој распоред, македонските младинци ќе имаат сериозен број на тестови за воигрување и кревање на формата, што е од големо значење пред настапите против едни од најсилните младински селекции во Европа. Селекторот на репрезентацијата, Ерхан Селими за пријателските натпревари против БиХ ќе смета на следните фудбалери: Голмани: Давид Илиоски (АП Брера), Онур Бешир (Тетекс), Павел Трајковски (Партизан, Србија); Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Абдулах Аслани (Лунгби, Данска), Горазд Ристовски (Црвена Звезда, Србија), Давид Стојаноски (Браво, Словенија), Лука Атанасовски (Детонит), Андреј Мурџески (Вардар), Назиф Цека (Шкендија), Емир Шаботиќ (Вардар); Среден ред: Каменчо Андоновски (АП Брера), Кренар Хоти (Работнички), Марко Киш (Сесвете, Хрватска), Ариф Локи (ХБ Коге, Данска), Ненад Дамјаноски (Домжале, Словенија), Виктор Делов (АП Брера), Адмир Љатифи (Осијек, Хрватска), Аритон Мехмед (Шкупи); Напад: Игор Ристов (АП Брера), Дитмир Хоџа (Работнички), Стефан Младеновски (Црвена Звезда, Србија), Кадри Брути (Шкупи).

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.