April 23, 2025 | | Македонија
Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш ќе биде центарот на вниманието на љубителите на футсалот оваа недела, 27 април, кога од 19:00 часот ќе се одигра големото финале од Купот на Македонија. Двете екипи што ќе се борат за престижниот трофеј се КМФ Форца 2015 од Куманово и КМФ Осогово 2022 од Крива Паланка кои имаат зад себе извонредна сезона исполнета со импресивни настапи и победнички дух. Нивната игра донесе возбуда кај публиката и заслужено ги одведе до завршницата. КМФ Форца 2015 веќе се закити со првото место во домашниот шампионат, што е доказ за нивната доминација сезонава. Од друга страна, ривалот од Крива Паланка КМФ Осогово 2022, иако млад колектив, со брзиот напредок и квалитетна игра покажува амбиција и потенцијал, кои кулминираа со пласманот во ова значајно финале. Фудбалската федерација на Македонија, заедно со Општинскиот фудбалски сојуз на Радовиш, најавува организација на високо ниво, со цел да се создаде атмосфера достојна за едно вакво спортско случување. Љубителите на футсалот се поканети да бидат дел од овој настан, да дадат поддршка на своите фаворити и да бидат дел од амбиентот што ќе го обележи ова финале како празник на македонскиот футсал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |