June 4, 2025 | | Македонија
Индонезискиот клуб Персебаја ќе влезе во новата сезона со силен македонски белег во дефанзивната линија – Диме Димов и Ристо Митревски ќе го сочинуваат стоперскиот тандем кој треба да биде основа на одбраната. 33-годишниот Ристо Митревски пристигнува како ново засилување. Минатата сезона беше лидер во Дева Јунајтед, каде одигра 30 натпревари, постигна два гола и забележа две асистенции. Покрај тоа, беше и капитен на тимот. Митревски има богато меѓународно искуство – играше во Малезија (Сабах), Ерменија (Алашкерт), Кипар (Енозис), Израел (Хапоел Хаифа), Хрватска (Истра), БиХ (Сараево), Србија (Доњи Срем), како и за неколку македонски клубови: Металург, Тетекс, Работнички, Напредок и Победа. Од друга страна, 30-годишниот Диме Димов останува во клубот по стабилната сезона што ја имаше. Откако пристигна, Димов играше на 17 од 18 натпревари, само еднаш беше резерва. Тоа го убеди раководството на Персебаја да му понуди нов договор за уште една година. За него ова е втора сезона во азискиот фудбал и трета како интернационалец.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |