Радовишката звезда Диме Димов заминува од Локо Софија!

December 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Радовишката звезда Диме Димов заминува од Локо Софија!

Радовишанецот Диме Димов потврди дека заминува од Локо Софија. Во бугарскиот клуб тој дојде минатата година од редовите на Академија Пандев. „Точно е, ќе заминам од Локо Софија. Што се однесува до мојот следен клуб, сè уште немам донесено конечна одлука“, изјави Димов за Статива. За една и пол година во Локо Софија, Димов забележа 56 настапи постигнувајќи еден гол. Во својата богата кариера Димов има настапувано и за Хоризонт Турново, Гостивар, Кожуф и Металург. Пред неколку месеци разговаравме со Димов на различни теми меѓу кои и за неговото искуство во Бугарија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.