Репрезентативците ќе имаат минимални медиумски активности, во знак на почит кон настраданите

March 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Репрезентативците ќе имаат минимални медиумски активности, во знак на почит кон настраданите

Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе го одржи првиот собир во рамките на подготовките за квалификациските дуели против Лихтенштајн и Велс за Светското првенство 2026. Како знак на почит и солидарност кон жртвите од трагедијата во Кочани, медиумските активности со фудбалерите ќе бидат сведени на минимум. Дополнително, пријателските натпревари на младинската селекција У16 против Естонија, кои требаше да се одиграат во Скопје, се одложени. „Поради големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе, Фудбалската федерација на Македонија, во знак на почит и солидарност, праќа информација дека медиумските активности со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија ќе бидат сведени на минимум, односно само на неопходните обврски. Исто така, одложени се пријателските натпревари на Македонија до 16 години кои требаше да се одиграат со Естонија во Скопје. Ви благодариме за вашето разбирање во овие тешки моменти“, соопштија од ФФМ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.