September 4, 2025 | | Македонија
Македонската фудбалска репрезентација денеска од 17 часот ќе одигра контролен натпревар против Саудиска Арабија во Прага. Овој дуел е дел од подготовките за претстојниот квалификациски меч со Лихтенштајн во Скопје, кој има многу поголемо значење, но победата останува цел и на оваа проверка. Напаѓачот Милан Ристовски пред дуелот порача дека тимот е подготвен да даде максимум. „Ова е добра проверка за сите нас. Како и на претходните квалификациски средби, сакаме да покажеме квалитет. Зад нас е успешен период што ни дава самодоверба дека ќе одиграме добро против Саудиска Арабија и уште подобро ќе се подготвиме за Лихтенштајн,“ изјави Ристовски. Тој додаде дека македонската селекција добро го анализирала противникот. „Тоа е силна репрезентација со квалитетни индивидуалци, која игра фудбал со посед на топката, нешто што сметам дека ни одговара. Очекувам добар меч и верувам дека ќе бидеме на висина,“ нагласи репрезентативецот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |