Салихи: Не е патриотски чин да се влече и пали знаме на друга националност!

November 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Салихи: Не е патриотски чин да се влече и пали знаме на друга националност!

Не престануваат реакциите по синоќешното палење на македонското знаме на улиците на главниот град Скопје. За ова реагираше и поранешната репрезентативка, Афродита Салихи која на својот Фејсбук профил истакна дека не е патриотски чин знамето на друга националност да се влече и да се запали. „Знамето на една земја е моќен симбол на идентитетот што ја одразува историјата, културата и вредностите на една нација. Љубовта кон знамето е безгранична и безусловна. Не е патриотски чин знамето на друга националност да се влече и да се запали, каде што ваквите постапки секогаш потикнувале меѓуетничка омраза во мултиетничка држава“, вели Салихи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.