Само еден македонски клуб не го избра „Тодор Проески“ за европска сцена

June 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Само еден македонски клуб не го избра „Тодор Проески“ за европска сцена

Македонските фудбалски екипи се во завршна фаза од подготовките за настапите во европските квалификации, а речиси сите својот прв или втор меч ќе го одиграат на најголемиот стадион во земјава – Националната арена „Тодор Проески“. Шкендија како шампион ќе се соочи со велшкиот првак ТНС во Лигата на шампионите. Првиот натпревар ќе го одигра на гости, додека реваншот во Скопје е закажан за 15 јули во вечерен термин, со почеток од 20:30 часот. Во Конференциската лига, дури три македонски клубови ќе ги одиграат своите домашни мечеви на истиот стадион. Вардар ќе биде прв што ќе ја отвори европската сезона – на 10 јули од 20:30 ќе го пречека тимот на Ла Фиорита од Сан Марино. Работнички, кој веќе е домаќин и во домашното првенство на арената, ќе игра против Торпедо Белаж од Грузија на 17 јули со почеток од 18:00 часот. Од сите наши претставници, само Силекс се реши за алтернативна локација – реваншот против Дечиќ од Црна Гора ќе го играат на теренот на ФФМ во „Петар Милошевски“ тренинг-центарот, исто така на 17 јули, но од 19:00 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.