Самсонеко му го отстапува тренинг-центарот во Хиподром на Вардар

January 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Самсонеко му го отстапува тренинг-центарот во Хиподром на Вардар

Вардар наскоро ќе го добие тренинг-центарот во Хиподром како сопственост, што претставува значителен чекор напред за клубот. Актуелното раководство е во завршна фаза од договарањето со Сергеј Самсоненко, поранешниот сопственик на клубот, пренесе Гол.мк. Рускиот бизнисмен го остави Вардар со долгови кои и денес се расчистуваат, но како дел од спогодбата за намалување на финансиските обврски, тренинг-центарот ќе премине во сопственост на клубот. Моментално, екипата го користи објектот кој има подобрена внатрешна инфраструктура. Сепак, надворешните услови бараат дополнителна работа. Терените не се во најдобра состојба, а проблемите како оштетената ограда, недоволно функционалниот воден систем и другите детали околу опремата, остануваат да бидат решени во наредниот период.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.