Седлоски: Вардар го чека куп-трофејот цели 18 години, тука сме да го освоиме

May 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Седлоски: Вардар го чека куп-трофејот цели 18 години, тука сме да го освоиме

Сцената е поставена, трофејот чека нов сопственик, а Вардар има златна шанса конечно да стави крај на долгогодишната суша во Купот на Македонија. Осумнаесет години поминаа од последната слава во ова натпреварување, а сега тимот предводен од Гоце Седлоски е подготвен да влезе во историјата. „Подготвени сме да дадеме сè од себе. Противникот е сериозен и со респект го прифаќаме предизвикот, но нашата цел е јасна – сакаме трофеј“, самоуверено порача стратегот на Вардар. Неговата екипа во последните пет месеци покажува стабилност, карактер и зрелост, квалитети кои можат да бидат клучни на големата сцена. Капитенот Горан Закариќ, кој оваа сезона ја носеше лентата со гордост и одговорност, испрати мотивирачка порака пред битката „Време е! Поминаа речиси две децении од последната куп-слава. Ќе дадеме сè на теренот, знаеме дека не нè чека лесен натпревар, но со поддршка од нашите навивачи, верувам дека ќе го подигнеме трофејот.“ Фото: МакФудбал

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.