April 22, 2025 | | Македонија
Во рамки на својата програма за компензација, УЕФА ги распореди средствата за сите клубови од 55 европски национални сојузи, кои во периодот од 2020 до 2024 година имаа фудбалери што настапувале за репрезентации. Меѓу клубовите кои добија исплата се и седум македонски екипи, а вкупната сума што пристигна во македонскиот фудбал надминува 150.000 евра. Најголемиот износ е 65.862 евра и истиот отиде кај тетовска Шкендија како признание за ангажманот на најмногу репрезентативци во последниве четири години. Следен на листата е Работнички со добиени 25.613 евра, а веднаш по него се рангира Академија Пандев со 21.954 евра. Со нешто помал износ, Вардар инкасираше 14.636 евра, додека порамномерни средства во висина од 7.318 евра добија три клуба: Македонија Ѓорче Петров, Шкупи и Силекс. Листата обединува бројни клубови од цела Европа, кои добија финансиска награда за тоа што нивни играчи учествувале во националните селекции.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |