Шкендија дозна со кој може да игра во третото коло од ЛШ и од ЛЕ

July 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Шкендија дозна со кој може да игра во третото коло од ЛШ и од ЛЕ

Шкендија во вторник ќе го одигра првиот натпревар од втората квалификациска рунда за Лигата на шампионите против ФЦСБ од Романија, но веќе го има јасно и мапираниот пат понатаму – без разлика дали ќе победи или загуби. Ако триумфира и го елиминира реномираниот романски клуб, тетовскиот тим во третото коло ќе се соочи со некој од европските гиганти од средна класа – Копенхаген, Црвена Звезда, Ференцварош, Макаби Тел Авив, Слован Братислава или Карабах. Но, и пораз не значи крај. Во тој случај, Шкендија ќе продолжи во третото квалификациско коло на Лигата на Европа, каде ќе добие еден од поразените во мечевите меѓу: Ријека – Лудогорец, Пафос – Макаби Тел Авив, Линколн – Црвена Звезда или РФС – Малме. Без оглед на резултатот против ФЦСБ, на Шкендија ѝ претстојат тешки европски предизвици и борба за престиж, коефициент и финансии.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.