Шкендија ги доби потенцијалните ривали за третото коло – избегната Црвена Звезда

July 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Шкендија ги доби потенцијалните ривали за третото коло – избегната Црвена Звезда

Македонскиот шампион Шкендија утрово ги дозна можните противници за третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, а најважната вест за тетовци е дека ја избегнаа најсилната екипа во ждрепката – белградска Црвена Звезда. Екипите од патеката на националните шампиони беа поделени во две групи од страна на УЕФА, а Шкендија се најде во втората. Доколку успеат да ја елиминираат романската ФЦСБ, во третото коло ќе се сретнат со победникот од еден од следните парови: Ноах – Ференцварош, Пафос – Макаби Тел Авив или Шелбурн – Карабах. Ова значи дека Шкендија го избегнува најнезгодниот потенцијален ривал – Црвена Звезда, која се најде во другата група и важи за фаворит број еден во квалификациската фаза. Ждрепката за третото коло ќе се одржи денеска напладне (12 часот), а првиот меч од второто квалификациско коло, Шкендија ќе го одигра утре против ФЦСБ во Скопје.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.