July 31, 2025 | | Македонија
По големата елиминација на ФЦСБ, шампионот на Македонија – Шкендија – во третото квалификациско коло ќе игра против Карабах. Азербејџанците важат за фаворити, но и Романците беа во таа улога пред тетовци да приредат сензација. Доколку Шкендија успее да го елиминира Карабах, тимот на Хусеин Доган ќе биде во групата на неносители во плеј-офот, а веќе се познати и потенцијалните ривали за тој круг. Можни противници на македонскиот шампион се: Бодо/Глимт Копенхаген или Малме Црвена Звезда или Лех Познањ Ференцварош или Лудогорец Селтик Првиот нтпревар против Карабах Шкендија ќе го одигра на 5 август во Скопје, додека реваншот е на 12 во Азербејџан.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |