May 17, 2025 | | Македонија
Првата македонска фудбалска лига официјално заврши. Иако Шкендија денеска загуби од Силекс со 3-1, тоа не го намали триумфалното расположение кај тетовскиот тим. По последниот свиреж, играчите на Шкендија ги примија медалите, а капитенот Бесар Ибраими го доби шампионскиот пехар од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Ова е петта титула за Шкендија во домашното првенство, со што клубот уште еднаш го потврди своето место на врвот на македонскиот фудбал. И покрај денешниот пораз, за тетовци денот беше празничен. Следуваше големо славје на теренот и на трибините.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |