August 1, 2025 | | Македонија
Шкендија го дозна распоредот за дуелот со Карабах во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Првиот натпревар ќе се игра на 5 август (вторник) од 20:00 часот на националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, додека реваншот е закажан за 12 август од 18:00 часот во Баку. Тетовци се наоѓаат пред тежок предизвик против искусниот азербејџански претставник, кој редовно игра во европските натпреварувања, но оптимизмот во таборот на македонскиот шампион е голем поради добрата форма и очекуваната поддршка од навивачите во Скопје.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |