May 4, 2025 | | Македонија
Неделната програма во Првата македонска фудбалска лига донесе три одиграни натпревари, додека двата дуела помеѓу Воска Спорт – Тиквеш и Гостивар – Пелистер не се одиграа, откако двете домашни екипи, според најавите, не се појавија на теренот. Тиквеш и Пелистер ќе ги добијат натпреварите со службен резултат. Во дербито меѓу Струга Трим Лум и Шкендија, гостинот од Тетово успеа да извлече бод и да направи нов важен чекор кон шампионската титула. Стефан Спировски погоди за водство на Струга ТЛ во 48. минута, но Лиридон Љатифи донесе израмнување во 81. минута. Шкендија со тоа ја задржа предноста од четири бода пред Силекс. Работнички и Силекс одиграа натпревар без многу возбудувања и шанси, па логично следеше реми без голови (0-0) на Националната арена во Скопје. И двете екипи играа претпазливо, повеќе фокусирани на одбрана отколку на напад. Во Кичево, Беса ја победи Брера со 2-1 во директна борба за избегнување на бараж-зоната. Меџит Незири го отвори резултатот за домаќините, Мартин Ѓорѓиевски израмни, но Влатко Стојановски со гол за 2-1 им донесе вредни три бода на кичевчани. Вардар вчера го победи Шкупи со 0-2. ПРВА ЛИГА, 30. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 0-0 СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 1-1 БЕСА – БРЕРА 2-1 ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР НЕОДИГРАНО ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ НЕОДИГРАНО ВЧЕРА: ШКУПИ – ВАРДАР 0-2
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |