August 5, 2025 | | Македонија
Македонскиот шампион Шкендија со 1-0 загуби од Карабах на Националната арена „Тодор Проески“ во првиот натпревар од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите. Реваншот во Азербејџан ќе биде вистинска мисија за тетовскиот тим кој ќе се обиде да ја анулира негативата. Клучниот момент на натпреварот се случи во 16. минута, кога Роналдо Вебстер во обид да расчисти го удри Леандро Андраде. Прво беше досуден фаул надвор од шеснаесетникот, но по ВАР-прегледот беше досуден пенал, кој успешно го реализираше Торал Бајрамов. Шкендија преку Бесарт Ибраими и Красниќи се обидуваше да се врати во игра, но безуспешно. Ибраими дури 6-7 пати се закани од далечина, но голманот на Карабах одлично реагираше. На другата страна, и Гаје имаше неколку важни одбрани, спречувајќи поголема разлика. Во натпреварот не изостанаа и националистичките испади на домашните навивачи, и покрај претходните апели на МВР за санкционирање на таквото однесување. Реваншот во Азербејџан ќе биде исклучително тежок за тетовци, кои ќе мора да одиграат многу подобро ако сакаат да приредат изненадување и да се борат за плејоф во Лигата на шампионите. Фото: Спорт1
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |