June 14, 2025 | | Македонија
Македонскиот шампион Шкендија донесе ново звучно име под стативите – Бабукар Гаје, интернационалец од Гамбија и стандарден член на својата национална селекција. Се работи за искусен 27-годишен голман кој веќе се докажал на неколку европски фудбалски сцени. Гаје е роден во Германија и фудбалскиот занает го учел во младинските редови на Билефелд, потоа настапувал за Арминија Билефелд, Штутгарт II и Кобленц – носејќи со себе дел од прецизната и дисциплинирана германска голманска школа. Сепак, неговата гордост е Гамбија – државата што ја избра да ја претставува на интернационално ниво, вклучително и на Африканскиот куп на нации. Во македонската јавност е веќе познат преку настапите за Воска Спорт, каде минатата сезона остави солиден впечаток. Претходно беше дел и од Локомотив Софија во бугарското првенство. Сега, како нова аквизиција на Шкендија, пред него стои предизвикот да стане стратег зад последната линија на одбраната – човекот на кој ќе се потпира тимот во клучните натпревари дома и во Европа.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |