February 16, 2025 | | Македонија
Шкендија со победа од 1-2 против Вардар на арената „Тодор Проески“ го започна пролетниот дел од сезоната во Првата лига. Првиот гол го постигна Бесарт Ибраими во 54. минута, но Вардар израмни во 67. минута преку Закариќ, кој реализираше од втор обид по одбранетиот пенал. Победничкиот гол за тетовскиот тим го постигна новото засилување Фабрис Тамба во 76. минута. Во Кратово, Силекс и Тиквеш одиграа 1-1. Ади Алиќ во 30. минута му донесе водство на Силекс, но во второто полувреме гостите израмнија. Берат Садик успешно реализираше пенал во 78. минута и му донесе бод на Тиквеш. Гостивар во последните секунди славеше со 1-0 против Струга ТЛ на „Борис Трајковски“. Единствениот гол го постигна Алпер Потук од пенал, а Струга играше со играч помалку од 67. минута по исклучувањето на Меметриза Хамза. Шкупи запиша сигурна победа од 2-0 против Работнички на Чаир. Првиот погодок го постигна Емануел Аворнио во 29. минута, а конечниот резултат го постави Демир Имери во 75. минута по еден брз контранапад. Во Охрид, Воска триумфираше со 2-0 против Беса. Марко Зуљ во 73. минута го отвори резултатот, а Клинтон Осеи четири минути подоцна го потврди триумфот. Без голови заврши дуелот меѓу Пелистер и Брера во Битола. ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ Силекс – Тиквеш 1-1 Вардар – Шкендија 1-2 Гостивар – Струга ТЛ 1-0 Воска – Беса 2-0 Шкупи – Работнички 2-0 Пелистер – Брера 0-0
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |