September 29, 2024 | | Македонија
Шкендија го сруши Вардар со 4-0 во натпреварот кој се одигра во Тетово. Шкендија покажа сила на денешниот натпревар во кој имаше многу тензии и провокации. Се поделија дури 11 жолти картони, а резултатот беше отворен по само три минути игра каде Александер Трумчи погоди во мрежата на Гачевски. Веќе во 13. минута Бесарт Ибраими зголеми на 2-0, а во 27. минута Ваљон Ахмеди повторно го искористи киксот на Вардар и зголеми на 3-0. Тензично беше во вториот дел каде имаше многу прекини и кавги, а во 73. минута Вардар го прими и четвртиот гол каде стрелец беше Флорент Рамадани. Натпреварот го одбележа и нападот на домашните фанови врз голманот Гачевски кој беше погоден со предмет. Шкендија сега има 17 бода и е прва на табелата, а Вардар падна на десеттата позиција со седум бода.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |