Шкендија со 29% шанси за нокаут фазата во Конференциската лига

September 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Шкендија со 29% шанси за нокаут фазата во Конференциската лига

Македонскиот шампион Шкендија доби охрабрувачки прогнози од платформата за фудбалска статистика „Football Meets Data“. Тимот од Тетово, иако важи за аутсајдер на европската сцена, според аналитичките модели има солидни 29% шанси да ја мине лигашката фаза во Конференциската лига и да се најде меѓу најдобрите 24 екипи кои ќе играат во елиминациите. Шкендија има минимални, само 1% шанси, да стигне до топ 8 и со тоа директно да обезбеди место во осминафиналето, но сепак прогнозите ја држат во кругот на тимови кои реално можат да продолжат понатаму. Најголем фаворит за висок пласман е Кристал Палас, веднаш потоа следува Рајо Ваљекано – противникот на Шкендија во групната фаза. На списокот на потенцијални кандидати за највисок дострел се и Расинг Стразбур, Фиорентина и Шахтар Доњецк. Иако пред Шкендија стои тежок предизвик, ваквите бројки носат доза на оптимизам и мотив за тимот на Ернест Ѓока дека со добра игра и резултати на домашен терен може да се избори за историски успех.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.