August 29, 2025 | | Македонија
Иако вчера беше елиминирана од Лига Европа, македонската шампионска екипа Шкендија сепак обезбеди настап во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА. Тетовци ќе одиграат вкупно шест натпревари, односно три на домашен терен и три на гости, а веќе се познати и можните ривали на македонскиот претставник во ова натпреварување. Ждрепката што следува ќе открие со кого Шкендија ќе ги одмери силите, а македонската јавност со нетрпение го очекува првиот настап на нашиот шампион во оваа европска фаза. Шешир 1: Фиорентина, АЗ Алкмар, Слован Братислава, Рапид Виена, Шахтјор, Легија Шешир 2: Кристал Палас, Лех, Рајо Ваљекано, Шамрок Роверс, Динамо Киев, Спарта Прага Шешир 3: Стразбур, Јагјелонија, Целје, Ријека, Мајнц, Омонија Шешир 4: КУПС, Линколн Ред Импс, АЕК Атина, Абердин, Дрита, Зрињски Шешир 5: Брејдаблик, Сигма Оломуц, Самсунспор, Раков, АЕК Ларнака, ШКЕНДИЈА Шешир 6: Хакен, Лозана, Крајова, Хамрун Спартанс, Ноа, Шелбурн Ждребката за групната фаза ќе се одржи денеска од 13 часот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |