June 25, 2025 | | Македонија
По бурна сезона и период на нестабилност, Шкупи започнува со реконструкција на тимот и денеска официјално го објави првото летно засилување — 21-годишниот лев бек Емре Кадри. Младиот дефанзивец доаѓа од редовите на Брегалница, а претходно ги бранеше и боите на Работнички, како и на младинскиот тим на турскиот Адана Демирспор во текот на 2023 година. Клубот го опиша Кадри како „млад и надежен дефанзивец“, а интересен момент беше што трансферот првично беше најавен уште синоќа, но објавата беше повлечена. Денеска, Шкупи повторно го потврди трансферот, означувајќи го како почеток на ново поглавје за клубот во пресрет на новата сезона.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |