Шкупи се враќа дома, повторно ќе игра во Чаир!

September 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Шкупи се враќа дома, повторно ќе игра во Чаир!

Фудбалерите на Шкупи конечно ќе може да се вратат на својот стадион во Чаир, откако клубот успеа да ги реши проблемите со поставувањето на ВАР-системот. Тимот од Чаир поради неподготвеност на стадионот пред стартот на сезоната беше принуден да игра како домаќин во Струмица, а службено го загуби и натпреварот против Силекс. Сега условите се исполнети и следниот меч – против Македонија Ѓорче Петров на 20 септември – ќе се игра пред домашната публика. По шест кола, Шкупи е последен на табелата во ПМФЛ без освоен бод.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.