March 15, 2025 | | Македонија
Беса приреди вистинско изненадување во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи го актуелниот првак Струга на домашен терен со 3-2. Стружани поведоа рано, во 11. минута, преку Фал, но до крајот на првиот дел Беса израмни со гол на Шефит Шефити. Веднаш на почетокот на второто полувреме, поранешниот фудбалер на Струга, Меџит Незири, погоди за 2-1. Третиот погодок за домаќините го постигна Ремзифаик Селмани, а конечниот резултат го постави Христијан Малески во 90. минута. Пелистер запиша значајна победа на гостувањето во Чаир против Шкупи (0-1). Иако битолчани беа во подредена улога и останаа со играч помалку по исклучувањето на Захар Тарасенко, успеаја да стигнат до триумф. Клучниот момент се случи во 74. минута, кога Александар Ристевски го постигна единствениот гол на натпреварот. Гостивар претрпе неочекуван пораз во Кавадарци од Тиквеш (2-1). Домаќините поведоа со гол од пенал на Берат Садик во 15. минута, а Александар Вареловски ја удвои предноста во 58. минута. Гостивар во завршницата само го ублажи поразот преку Иван Ивановски. Силекс продолжи со добри настапи, победувајќи на гостувањето кај Брера во Струмица со 0-2. Натпреварот беше без голови до самиот крај, кога кратовчани стигнаа до триумф преку погодоци на Марко Ѓорѓиевски и Али Алиќ. Со овој резултат, Силекс се доближи на само две бодови зад лидерот Шкендија. Воска Спорт избегна пораз против Работнички со гол во 94. минута (1-1). Гостите од Скопје поведоа преку Гандов во првиот дел, но во последните моменти од натпреварот Осеи донесе важен бод за охриѓани.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |