Силекс го потпиша Миљан Говедарица

May 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Силекс го потпиша Миљан Говедарица

Фудбалскиот клуб Силекс од Кратово го претстави второто засилување во пресрет на новата сезона, во која тимот ќе се натпреварува и во квалификациите за Конференциската лига. Свесни дека сезоната започнува порано од вообичаено, Кратовчани забрзано работат на комплетирање на ростерот. По ангажманот на Португалецот Мигел Пиреш, Силекс сега го добива и искусното крилно засилување од Босна и Херцеговина – Миљан Говедарица. Станува збор за поранешен капитен и најдобар стрелец на Славија Сараево, клуб што се натпреварува во Првата лига на Федерацијата БиХ. Во минатата сезона, Говедарица на 29 настапи постигна 19 голови и беше втор најдобар стрелец во лигата. Овој 31-годишен офанзивец има богата кариера зад себе. Почетоците ги врза за Славија, а потоа настапуваше и за неколку други познати клубови во БиХ – Слобода Тузла, ОФК Олимпик, Звијезда 09, Зрињски Мостар и Леотар. Надвор од границите на својата земја, Говедарица играше во српски Доњи Срем, украински Кривбас и швајцарскиот Ношател. Со неговото искуство и офанзивен потенцијал, Говедарица треба да биде значајна алка во напаѓачката линија на Силекс за претстојните европски предизвици.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.