Силни емоции на Арената: Громогласна химна, па тишина за трагедијата! (ВИДЕО)

March 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Силни емоции на Арената: Громогласна химна, па тишина за трагедијата! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија со отворени срца и високо кренати глави го пречека Велс во второто коло од квалификациите за Светското првенство 2026. По триумфот над Лихтенштајн во Вадуц, националниот тим конечно имаше можност да се покаже пред домашната публика, во атмосфера која ќе остане запаметена. Стадионот беше обвиен во посебна енергија уште пред првиот свиреж. Над 20.000 гласови ја испеаја химната „Денес над Македонија“, претворајќи ја Арената „Тодор Проески“ во епицентар на национална гордост. Сепак, веднаш по тој моќен момент, како контраст на силната еуфорија, следеше минута молк – тивка, но потресна почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Со срца полни емоции, играчите на Македонија тргнаа во битка на теренот, но вечерта имаше значење далеку поголемо од фудбалскиот резултат. Беше тоа ноќ на заедништво, солидарност и неизбришливи спомени.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.