April 19, 2025 | | Македонија
Возбудливиот натпревар од Првата македонска фудбалска лига меѓу Воска Спорт и Вардар не го дочека својот крај и беше прекинат околу 15 минути пред последниот свиреж. Домашната екипа поведе уште во првото полувреме преку Осеи, кој го затресе противничката мрежа и ја однесе Воска со предност на пауза. Натпреварот се одвиваше во високо темпо, а вистинска драма се случи во 74. минута, кога Вардар израмни по една спорна ситуација. Играчите на Воска бурно реагираа, уверени дека топката не ја преминала гол-линијата. По краток прекин, судијата го призна голот, а натпреварот продолжи. Но, само неколку минути подоцна, фудбалерите на Воска Спорт одлучија да се повлечат во соблекувалната, по што судијата беше принуден да го прекине натпреварот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |