Скандал во Стеауа: Газдата од трибини „менаџираше“ против Шкендија! (ВИДЕО)

July 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Скандал во Стеауа: Газдата од трибини „менаџираше“ против Шкендија! (ВИДЕО)

Контроверзниот сопственик на ФЦСБ, Џиџи Бекали, повторно беше главна тема во Романија, откако за време на натпреварот против Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите, командуваше од далечина. Според „ДигиСпорт“, Бекали телефонски наредил капитените Дариус Олару и Раду Шут да бидат заменети во 63. минута, незадоволен од нивната игра. На нивно место влегоа Овидиу Периану и Мариус Стефанеску, но само две минути подоцна Шкендија постигна гол и славеше со 1-0. По мечот, Бекали жестоко ги критикуваше нововлезените играчи и најави радикални мерки. „Периану и Стефанеску немаат место во овој тим. Тие ќе бидат избришани од списокот за европски натпревари“, изјави тој во живо на ТВ. Реваншот меѓу ФЦСБ и Шкендија се игра на 30 јули од 19:30 часот во Букурешт, каде романскиот тим ќе се обиде да ја анулира минималната предност на македонскиот првак.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.