August 5, 2025 | | Македонија
И покрај сите апели за фер и спортско навивање без националистички пораки, натпреварот на Шкендија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје повторно беше обележан со скандалозни скандирања. Во текот на второто полувреме, од трибините се слушаа повици за „Голема Албанија“, „Чемерија“ и „Илирида“, а ваквите скандирања не доаѓаа само од навивачката група „Балисти“, туку беа преземени и од голем дел од присутните на стадионот. Иако ваквите испади се честа појава на натпреварите на тетовскиот клуб, дел од јавноста очекуваше дека по денешните апели за воздржување од националистички пораки, натпреварот ќе помине во спортска атмосфера – што сепак не се случи. Министерството за внатрешни работи веќе најави дека ќе преземе мерки за санкционирање на евентуалните прекршители, како што тоа го направи и по неодамнешниот инцидент со националистички испади на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |