Скромниот Елмас: Заработува многу, но летото „продава“ сладолед во својата слаткара! (ФОТО)

July 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Скромниот Елмас: Заработува многу, но летото „продава“ сладолед во својата слаткара! (ФОТО)

Елиф Елмас во моментов настапува за Лајпциг каде е на одмор од клубот, но не и од фамилијарниот бизнис. Имено, ова беше презентирано од страна на германскиот весник „Bild“ кој им ја раскажа на читателите приказната за Елмас. Весникот пренесува дека Елмас деновиве ги минува помагајќи му на својот татко во семејната слаткарница „Мандарина“ која е позната во Скопје и  која се наоѓа во скопската населба Автокоманда. „Уживам кога сум во татковината, макар и на кус период. Тука се опуштам и ја разбиструвам главата. Голем удел во сето ова има фактот што деновите ги минувам помагајќи му на мојот татко во слаткарницата. Таму не мислам на ништо друго и навистина уживам во времето поминато со него“, вели Елмас. Овој медиум пренесува дека Елмас тајните на овој занает ги научил уште пред да ја почне својата професионална кариера. Тој стана сензација кога челниците на Фенербахче дојдоа во Скопје и го убедија да премине во нивниот клуб во 2017 година. „Секој ден вежбам, постојано давам се од себе за да можам сто отстотно да бидам подготвен за стартот на подготовките на Лајпциг“, додаде тој.    

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.