August 2, 2025 | | Македонија
Македонскиот тренер Славче Војнески ја продолжува кариерата во Саудиска Арабија, каде што ќе го води тимот на Ал Орубах во Втората лига. Во неговиот стручен штаб ќе бидат и поранешниот македонски репрезентативец Филип Деспотовски како помошник и Сашко Попоски како кондициски тренер. Ова е нов интернационален предизвик за Војнески, кој претходно работеше во молдавскиот Петрокуб, узбекистанскиот Пахтакор, словачкиот Серед, како и како асистент во турските клубови Газиантеп, Генчлербирлиги и Елазиг, но и во македонската репрезентација. Ал Орубах минатата сезона заврши на претпоследното место во елитната конкуренција, па ќе игра во вториот ранг, а Војнески доаѓа на местото на шпанскиот стратег Антонио Казорла. Деспотовски и Попоски исто така имаат богато интернационално искуство – првиот работел во Саудиска Арабија и ОАЕ, а вториот како кондициски тренер во Бугарија, Мјанмар, Летонија, Казахстан и минатата сезона во Вардар.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |