July 16, 2025 | | Македонија
Македонскиот шампион Шкендија обезбеди пласман во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите, откако синоќа на арената „Тодор Проески“ во Скопје славеше со 2-1 против велшкиот ТНС, по продолженија. Со оваа победа, тетовчани си обезбедија подолга европска авантура и финансиска инекција која ќе биде значајна за клубот. Во следната фаза, Шкендија ќе се соочи со силниот романски тим ФЦСБ (поранешна Стеауа Букурешт) – клуб кој има богата историја и е поранешен европски првак (1986). Првиот натпревар се игра во Скопје, на 22 јули од 20:00 часот, на националната арена „Тодор Проески“, каде Шкендија повторно ќе ја има поддршката од домашната публика. Реваншот е закажан за 30 јули од 19:30 часот и ќе се одигра на „Арена Национала“ во Букурешт – еден од најатрактивните стадиони во регионот. ФЦСБ важи за фаворит во овој двомеч, но Шкендија веќе покажа дека знае да се носи со притисок и има квалитет за европски исчекор.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |