Стартува новата сезона во ПМФЛ – „Ел Класико“ Вардар – Пелистер во првото коло

August 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Стартува новата сезона во ПМФЛ – „Ел Класико“ Вардар – Пелистер во првото коло

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) започнува на 8 август, а уште во првото коло фановите ќе ја видат најголемата дерби пресметка – Вардар и Пелистер. Мечот ќе се одигра во петок од 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Вардар ги пушти билетите во продажба преку „МкТикетс“, по цена од 300 денари. Атмосферата на македонското „Ел Класико“ се очекува да биде врела, со оглед на ривалитетот и новиот почеток за двата клуба. Целосен распоред за 1. коло во ПМФЛ: петок, 8 август Шкендија – Шкупи | 17:00 | Градски стадион, Тетово Вардар – Пелистер | 20:00 | Национална арена „Тодор Проески“, Скопје сабота, 9 август Башкими – Арсими | 17:30 | Стадион Башкими, Куманово Струга – Македонија ЃП 1932 | 17:30 | Стадион Караорман, Струга недела, 10 август Тиквеш – Работнички | 17:30 | Градски стадион, Кавадарци понеделник, 11 август Силекс – АП Брера | 17:30 | Стадион Силекс, Кратово

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.