December 24, 2024 | | Македонија
По денешниот состанок меѓу претседателот Масар Омерагиќ, спортскиот директор Горан Пандев и селекторот Благоја Милевски, на кој беше постигната согласност да се остават суетите на страна и да се направи напор во репрезентацијата на Македонија повторно да играат најдобрите, Стефан Ристовски објави фотографија од тренинг на македонскиот национален тим, заедно со Аријан Адеми.
Ова можеби е некаква потврда дека тој ќе се врати во македонската репрезентација, по неговиот претходен бојкот кога јавно објави дека нема да игра сѐ додека селектор е Благоја Милевски и дека не се во најдобар однос. Потегот на Ристовски доаѓа по постигнатата согласност меѓу раководството на ФФМ и селекторот, која се стреми да ги обедини најдобрите играчи за новите предизвици.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |