Стефан Ристовски тренираше во Лисиче во дрес на Португалија во чест на Жота (ФОТО)

July 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Стефан Ристовски тренираше во Лисиче во дрес на Португалија во чест на Жота (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој е без клуб по заминувањето од Динамо Загреб, овие денови тренира на терените на Фудбалската федерација на Македонија во Ново Лисиче. Денеска таму се појави во дрес на Португалија, како знак на почит кон трагично починатиот Диого Жота. Португалецот и неговиот брат Андре загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Шпанија, само десетина дена по свадбата на Жота со својата партнерка, со која има три деца. Ристовски со овој чин се приклучи на бројни фудбалери од целиот свет кои оддадоа почит на својот колега. На тренинзите на ФФМ, Ристовски е во друштво на други репрезентативци кои во моментов исто така се без клубови – Александар Трајковски, Дарко Велковски и Никола Серафимов.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.