April 26, 2025 | | Македонија
Управата на Воска Спорт донесе радикална одлука да се повлече од настапите во Првата македонска фудбалска лига. Причината за овој потег е жестоката казна од страна на Фудбалската федерација на Македонија, која по инцидентот на натпреварот со Вардар им одзеде девет бода, сериозно загрозувајќи ги шансите за опстанок во елитата. Од Воска тврдат дека биле оштетени повеќепати од страна на судиите оваа сезона, што на крај резултирало со ваквиот чекор. Покрај драстичното бодовно намалување, федерацијата ги казни и претседателот Нефи Усеини и тренерот Клодиан Арбри со двегодишна суспензија, а клубот дополнително ќе мора да плати и парична казна од 7.500 евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |