СТРАШНА тимска акција на Македонија, Атанасов стрелец! (ВИДЕО)

October 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

СТРАШНА тимска акција на Македонија, Атанасов стрелец! (ВИДЕО)

Македонија води против Летонија на полувремето. Уште на самиот почеток на натпреварот, поточно во третата минута можеше да се случи интересен момент каде Столе Димитриевски ја исфрли топката од нашата половина и за малку ќе го совладаше противничкиот голман кој првично погрешно ја процени ја топката, но успеа некако да спаси и да не прима гол. Летонија имаше добра шанса во 12. минута преку Икауниекс со глава, но за среќа биеше надвор од рамките на голот. Во првите 20. минути нашите фудбалери изгледаа лошо на теренот каде главно бевме фокусирани на поседот, но без конкретни шанси. Македонија побавно го започна дуелот со Летонија каде повеќе шанси имаа домаќините, но сепак ние бевме првите кои стигнавме до предност. Голот дојде во 35. минута кога нашите репрезентативци имаа една прекрасна тимска акција преку Барди, кој додаде до Елмас кој прекрасно го пронајде Миовски во шеснаесетникот кој беше побрз од противничкиот голман каде успеа да му ја додаде на Атанасов кој имаше лесна задача за да погоди.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.