Струга ќе има Италијанец голман наредната сезона!

June 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Струга ќе има Италијанец голман наредната сезона!

Струга Трим Лум го официјализираше првото засилување за новата сезона – италијанскиот голман Марко Анџелети. 24-годишниот чувар на мрежата потпиша договор до 2027 година и ќе ја засили конкуренцијата меѓу стативите на амбициозниот македонски клуб. Анџелети потекнува од младинската школа на Специја, но својата сениорска кариера ја започна во редовите на Понтедера. Подоцна настапуваше за неколку италијански нисколигаши, а минатото лето играше во Гибралтар, од каде сега се враќа во Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.