June 18, 2024 | | Македонија
Шампионот на Македонија, Струга ТЉ дефинитивно го доби најтешкиот противник во првото квалификациски коло, во Лигата на шампионите. Таа ќе игра против најтрофејниот клуб во Словачка, Слован Братислава. Првиот натпревар ќе биде одигран во Братислава 9/10 јули, а реваншот во Македонија е една недела подоцна. Победникот од овој двомеч го продолжува патот во второто коло од Лигата на шампионите, а поразениот се префрлува во второто коло од Конференциската лига. Во прилог и другите парови: Борац (БиХ) – Игнација (Албанија) Слован Братислава (Словачка) – Струга (Македонија) ТНС (Велс) – Дечиќ (Црна Гора) Балкани (Косово) – Санта Колома (Андора) Хамрун (Малта) – Линколн Ред Импс (Гибралтар) Флора Талин (Естонија) – Целје (Словенија) Клаксвик (Фарски Острови) – Диферданж 03 (Луксембург) Паневезис (Литванија) – ХЈК Хелсинки (Финска) РФС (Латвија) – Ларне (Северна Ирска) Викингур (Исланд) – Шамрок (Ирска) Виртус (Сан Марино) – ФЦСБ (Романија) Лудогорец (Бугарија) – Динамо Батуми (Грузија) Ордабаси (Казахстан) – Петрокуб (Молдавија) Динамо Минск (Белорусија) – Пјуник (Ерменија)
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |